• петок, 05 јули 2024

Се уредуваат парковите површини во делчевско

Се уредуваат парковите површини во делчевско
Делчево, 4 мај 2020 (МИА) - Во Делчево во тек е редовно уредување на тревните површини и дрворедите на повеќе локации во градот. Активностите ги спроведува Јавното комунално претпријатие Брегалница, а истите како што соопштија, се реализираат на повеќе локации во градот.
-Во рамки на тековните активности се кастрат гранките и обликуваат крошните на дрвјата, додека паралелно се врши на уредување на зеленилото на повеќе јавни површини. Наша обврска е и во време на пандемија остануваме силно да бидеме посветени на одржување на јавната чистота, сервисирање на потребите на граѓаните, подобрување на инфраструктурата и уредување на јавното зеленило, истакнаа од претпријатието.
Во текот на денешниот ден исто така се изврши и дезинфекција во гимназијата „Методи Митевски Брицо“.
-Се работи за трета дезинфекција со која се опфатени сите простории во училиштето, како и надворешниот дел и парковите. Исто така со оваа активност ќе биде опфатена и спортската сала во училиштето, истакнаа од гимназијата.
Согласно насоките на Регионалниот кризен штаб во наредниот период со дезинфекција ќе се продолжи и во останатите јавни установи во градот. вс/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан