• понеделник, 18 ноември 2024

Се удави личниот готвач на семејството Обама

Се удави личниот готвач на семејството Обама

Вашингтон, 25 јули 2023 (МИА) - Еден од личните готвачи на семејството на поранешниот претседател Барак Обама се удавил додека пловел на даска со весло во Мартас Винјард, остров недалеку од брегот на Масачусетс.

Телото на Тафари Кемпебл (45) од Дамфрис, Вирџинија, било пронајдено по дводневна потрага во Едгартаун грејт понд, во близина на домот на семејството Обама, јави денеска Ен-пи-ар. Полицијата на Масачусетс соопшти дека поранешниот претседател не бил присутен за време на давењето.

Кемпбел служел како готвач за сосови во Белата куќа додека Обама беше претседател и во 2016 година заминал да работи за поранешниот претседател и неговата сопруга.

Во заедничка изјава споделена со американските медиуми, семејството на Обама соопшти дека Кемпбел бил „сакан дел од нашето семејство“.

-Кога првпат го сретнавме тој беше талентиран главен готвач за сосови во Белата куќа, креативен и со страст за храна и неговите можности да ги поврзе луѓето. Во годините што поминаа го знаеме како топла, забавна и исклучително љубезна личност кој ги направи нашите животи малку посветли, изјавија од семејството Обама.

Кемпбел бил забележан последен пат во неделата, негов пријател кој исто така пловел на даска видел кога тој паднал во водата, кратко се борел да остане на површината за да потоне целосно, се наведува во извештај од полицијата.

Готвачот оставил зад себе сопруга и двајца синови близнаци, соопшти семејството Обама. кб/

Остани поврзан