• понеделник, 23 декември 2024

Се трага по 74-годишник од пехчевското село Црник

Се трага по 74-годишник од пехчевското село Црник
Пехчево, 7 март 2022 (МИА) - Полицијата сè уште трага по 74-годишен жител на Црник, општина Пехчево, кој пред три дена го напуштил Клиничкиот центар во Скопје и сè уште не се вратил во родното село. Исчезнувањето, како што информираат од полицијата, го пријавила неговата сестра од Делчево.
- Пријавата ја добивме на 5 март 2022 во 20:15 часот. Во Полициска канцеларија Пехчево А. Ќ. (57) од Делчево пријавила дека нејзиниот брат К. Д. (74) од с. Црник, кој бил на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје на 3 март 2022 по сопствено барање го напуштил Клиничкиот центар и се упатил во непознат правец, велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека до моментот К. Д. сè уште се нема вратено во неговиот дом во Црник.
Во меѓувреме се преземаат мерки за пронаоѓање на 74-годишникот. вс/мд/

Остани поврзан