• сабота, 23 ноември 2024

Се снима серија за Брижит Бардо

Се снима серија за Брижит Бардо

Париз, 21 март 2023 (МИА) - Француската телевизија „Франс 2“ наскоро ќе прикажува ТВ-серија за познатата поранешна глумица Брижит Бардо. Во улогата на секс-симболот од минатиот век, ќе се појави младата, нова и засега прилично непозната Жулија де Нунез.

Серијата „Бардо“, којашто неодамна беше претставена на Фестивалот во Лил, но сѐ уште се снима, ќе има шест епизоди од 52 минути. Сѐ уште не е познат точниот датум на прикажувањето. Серијата на режисерката Даниела Томпсон и нејзиниот син Кристофер се однесува на десет години од животот на славната Брижит Бардо - од нејзината прва улога во 1950. до 1960 година, со нагласка на култниот филм од 1956 година - „И Бог ја создаде жената“.

- Ова не е биографски филм. Не ми се допаѓа тој збор. Ова ќе биде дел од животот на глумицата, изјави режисерот.

А пак, самата Брижит Бардо, која се движи кон крајот на деветтото десетлетиие од животот, неодамна изјави дека „баш ѝ е гајле за таа серија“, изразувајќи доста јасна рамнодушност кон остварувањето.  си/

Остани поврзан