Се снима продолжение на „Луди '70-ти“
- Во новото шоу „Луди '90-ти“, ќе глуми и украинско-американската глумица Мила Кунис, која му беше девојка на Кучер во оригиналната серија, а денес се сопружници. Тој даде и неколку охрабрувачк

Лос Анџелес, 26 јули 2022 (МИА) - Минаа повеќе од 15 години од крајот на хумористичната серија „Луди '70-ти“ (That ’70's Show), но Нетфликс има добри вести за обожавателите - се снима продолжението под наслов „Луди '90-ти“ (That ’90's Show). Дел од старите глумци ќе се појават како епизодни улоги.
- Беше навистина носталгично да бидам на таа сцена... Истите луѓе, сите што го направија „Луди '70-ти“ - тоа беше „прилично бизарно“, изјави Ештон Кучер. Во новото шоу „Луди '90-ти“, ќе глуми и украинско-американската глумица Мила Кунис, која му беше девојка на Кучер во оригиналната серија, а денес се сопружници во вистинскиот живот. Тој даде и неколку охрабрувачки зборови за новата екипа. - Навистина беше смешно. Новата актерска екипа е феноменална!, изјави тој.