• петок, 22 ноември 2024

Се санира патот кај месноста „Ѓердови воденици“ во беровско Русиново

Се санира патот кај месноста „Ѓердови воденици“ во беровско Русиново
Берово, 24 јули 2022 (МИА) - Во Берово во тек е санирање на патот кај месноста „Ѓердови воденици“ во село Русиново. Активноста се реализира на иницијатива на жители од село Русиново, кои со сопствена механизација го санираа патот околу споменатата месност. -Патот е исчистен и пополнети се длабнатините кои се појавуваат со неговата амортизација. Сметаме дека ваквите акции помагаат за креирање и на други позитивни иницијативи од кои бенефит имаат сите граѓани, истакнаа организаторите. Акцијата ја поздрави беровскиот градоначалник Звонко Пекевски кој апелираше во иднина да се иницираат повеќе вакви акции. -Оддавам респект на граѓаните кои си го сакаат своето село и својата енергија решаваат да ја искористат во позитивни акции и иницијативи, кои секогаш треба да произлегуваат од заедницата за заедницата, рече Пекевски. Општината, како што додаде, ќе продолжи со поддршка и учество во сите активности кои  имаат за цел подобрување на квалитетот на животот на своите сограѓани. вс/вј/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан