• четврток, 27 јуни 2024

Се реконструираат училници во „Димо Хаџи Димов“ во Влае

Се реконструираат училници во „Димо Хаџи Димов“ во Влае
Скопје, 23 јули 2020 (МИА) - Почна реконструкцијата на двете училници во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае. Како што соопшти денеска Општина Карпош, се заменува стариот и оштетен под со нов, а се бојадисуваат и ѕидовите на училниците. Општинските власти посочуваат дека е предвидена и санација на пристапните патеки во училишниот двор, за да се обезбеди побезбедно движење на децата, наставниот кадар и родителите. Во ова училиште, минатата година се реконструираа и дел од тоалетите и соблекувалните во спортската сала. -Локалната самоуправа работи и на подобрување на безбедноста пред воспитно – образовните установи. Се поставуваат нови „лежечки полицајци“ и креативни столпчиња, за повнимателно возење по локалните улици, соопшти Општина Карпош.бт/дма/

Остани поврзан