• вторник, 24 декември 2024

Се реконструираат улици во кумановското село Проевце

Се реконструираат улици во кумановското село Проевце

Куманово, 30 март 2024 (МИА) - Почна реконструкција на три улици во кумановското село Проевце. Од општинскиот буџет одвоени се 8,7 милиони денари за реконструкција на улиците „601“, „607“ и „610“.

Од Општина Куманово информираат дека трите улици биле во незавидна состојба, а главната улица видно оштетена од товарните возила.

- Улиците се влезени во развојната програма на општина Куманово. Жителите извесен период упатуваа барања за реконструкција, беше изработен проект и сега е почнато со реализација. Многу е важно да се инвестира во ова населено место кое е најблиску до градот, но и до бањата, бидејќи им овозможуваме на жителите да почнат и дел од нив да се вратат на издавање соби за бањски туризам, изјави претседателката на Советот на општината, Ивана Ѓорѓиевска.

Рокот за изведба е 33 дена, но надлежните очекуваат реконструкцијата да заврши порано. 

Во ова населено место  општината пред две години вложи во изградба на фекална канализација на улицата „607“ за што одвои скоро четири милиони денари, а во 2021 со 7,6 милиони денари ја изгради улицата „620“ која го поврзува Проевце со Куманово. ам/бак/


Фото: МИА и Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан