• понеделник, 23 декември 2024

Се расчистува уште една дива депонија кај Струмица

Се расчистува уште една дива депонија кај Струмица
Струмица, 2 април 2021 (МИА) - Струмичкото комунално претпријатие денеска почна со расчистување на уште една голема дива депонија на патот кон селото Раборци, кај Струмица. На огромна површина, покрај самиот пат, исфрлен е градежен отпад, пластика, делови од мебел и покуќнина. -Поради обемноста на работата депонијата ќе се чисти и во текот на викендот со цел местото да се врати во првобитна состојба. Покрај секојдневните апели, разговори со граѓаните да го пријавуваат својот одпад кој ке им биде подигнат од пред нивните домови, поединци со своите постапки намерно подигнуваат нови депонии уништувајки ја природата и животната средина, велат од ЈПКД „Комуналец“. Инаку, за десетина денови ова е трета откриена дива депонија. Две, од кои едната вчера, беа расчистени на патот кон локалитетот Цареви кули. Пред пет денови на иницијатива на повеќе граѓански здруженија и спортски клубови, со поддршка на Општина Струмица и Делегацијата на ЕУ во државата, се организираше голема еколошка акција за чистење на две локации. рт/аа/

Остани поврзан