• недела, 22 декември 2024

Се расфрла сол и се чисти снегот во Ѓорче Петров

Се расфрла сол и се чисти снегот во Ѓорче Петров
Скопје, 10 јануари 2022 (МИА) - Поради очекување на ниски температури, а по снежните наноси, екипите на Општина Ѓорче Петров од попладнево се на терен и расфрлаат сол по улиците со цел да не дојде до голомразица и лизгави коловози, соопшти Општината. Во координација со Град Скопје, посочуваат, направен е план според кој тие ќе водат грижа за улиците под нивна надлежност, а Ѓорче Петров ќе патролира на критичните точки каде имало проблеми и во минатите години. На терен е договорено да излезе и фирмата „Анизор“, задолжена за зимско одржување на улиците. - Повеќе екипи ќе патролираат и во текот на ноќта, а со оглед на фактот дека се очекува снежните наноси да продолжат и температурите да бидат под нулата. Внимаваме сите патишта да бидат проодни и безбедни за сите граѓани. Апелирам и до возачите, да внимаваат и да ја прилагодат брзина согласно условите на патот, посочи Александар Стојкоски, градоначалник на Ѓорче Петров. Тој упати и апел со жителите на Ѓорче Петров, да го чистат снегот пред влезовите на своите домови, деловни објекти, влезови на згради. - Покрај нашите активности, а за дополнителна безбедност на сите нас, апелирам граѓаните да ја почитуваат законската обврска за чистење на снегот пред домовите. Тоа е со цел да се превенираат можни несреќи, додаде Стојкоски. Градоначалникот, како што додаваат од Општината, ќе биде во постојана координација со дежурните екипи и граѓаните, со цел сообраќајниците во Ѓорче Петров да бидат исчистени од снег. мс/цр

Остани поврзан