• недела, 22 декември 2024

Се прават напори Спортската сала „Гемиџии“ повторно да биде за меѓународни натпревари на македонските репрезентации

Се прават напори Спортската сала „Гемиџии“ повторно да биде за меѓународни натпревари на македонските репрезентации

Велес, 24 јануари 2023 (МИА) - Спортот и во 2023 година останува еден од клучните приоритети на Општина Велес. Поради тоа,  како што велат од општината, прават напори за подобрување на условите во Спортската сала „Гемиџии“ преку целосна реконструкција на тоалетите.

- Со оваа инвестиција, ќе создадеме услови за одржување на меѓународни натпревари на македонските репрезентации, велат од Општина Велес.

Во посета на салата „Гемиџии“ вчера биле претставници од раководството на Одбојкарската федерација со кои се разговарало за враќање на Велес на мапата на светски градови за одржување одбојкарски првенства.

- Инвестицијата во спортот е инвестиција во здравјето и иднината, потенцираат од Општина Велес. ад/бд/

Остани поврзан