• сабота, 23 ноември 2024

Се поставува бекатон на улички во кумановската населба Никола Тесла

Се поставува бекатон на улички во кумановската населба Никола Тесла
Куманово, 4 март 2022 (МИА) - Почна поставувањето бекатон на улички во кумановската населба Никола Тесла, информираа денеска надлежните од Одделението за комунални дејности на Општина Куманово. Помошник-раководителот Момчило Јовановски информира дека се уредуваат три крака од улицата. - На овие улички претходно беше поставена водоводна мрежа мрежа, сега се поставуваат бекатон-плочки. Средствата се определени во програмата за изградба, одржување и санација на улици за 2022 година. Одвоени се 1.387.140 денари од буџетот, изјави Јовановски. Според програмата во моментов се поставува бекатон на три крака при што вкупно ќе бидат поставени 1.137 квадратни метри бекатон. Жителите од овие улици велат дека нема веќе да газат кал и тешко да се пробиваат со возилата до главната улица. ам/вј/

Остани поврзан