• петок, 12 јули 2024

Се поставуваат нови фонтани во градот Кавадарци 

Се поставуваат нови фонтани во градот Кавадарци 

Кавадарци, 11 јули 2024 (МИА) - Се поставуваат нови фонтани во градот Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

- Од страна на градежна група при јавното претпријатие ,,Комуналец" Кавадаеци, на терен се работи на изводи за довод, одвод и постаменти за поставување на седум нови фонтани во градот. 

Оттаму соопштија дека истовремено, во тек се подготовки за асфалтирање на улицата ,,Дисанска’’,  патот до Спомен костурницата во градот, на површина од 2.200 квадратни метри. Овој проект е од програмата на комунална изградба за 2024 година. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан