• петок, 22 ноември 2024

Се опремува Центарот на заедницата во струшкото село Вишни

Се опремува Центарот на заедницата во струшкото село Вишни

Струга, 1 февруари 2024 (МИА) - Во рамките на проектот „Уметникот во заедницата – резиденција и развоен хаб, Вишни“ месната заедница Вишни и Иницијативата за независен културен активизам - ИНКА го опремуваат Центарот на заедницата во селото.

Центарот на заедницата во Вишни, според ИНКА, ќе прерасне во место од каде ќе произлезат нови вредности создадени во дијалог меѓу локалните жители, посетителите и уметниците.

- Оваа пролет, продолжуваме со акции до комплетно уредување и содржини во центарот, соопшти ИНКА

Проектот го имплементира здружението ИНКА од Струга и Мини-погон од Белград, подржан од „Култура и креативност за Западен Балкан“, финансиран од Европската унија. Целта е да поттикне дијалог на Балкан со јакнење на културниот и креативен сектор за заголемување на социо-економскиот импакт. сс/сст/

Фото ИНКА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан