• недела, 19 мај 2024

Се одржа традиционалниот планинарски марш Голак 2023

Се одржа традиционалниот планинарски марш Голак 2023

Делчево, 18 септември 2023 (МИА) – Во организација на планинарскиот спортски клуб „Голак“ во Делчево викендов се одржа деветтиот планинарски марш – Голак 2023. На традиционалниот настан како што информираше претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски учествуваа планинари од земјава и Р. Бугарија, кои заеднички поминаа маршрута долга 26 километри.

- Маршрутата беше кружна патека почнувајќи од град Делчево на 595 метри надморска висина движејќи се преку населбата 1 Реон, до двата врва Чавка на 1538 м.н.в., потоа Мала Чавка (Св. Пантелејмон) 1508 м.н.в и враќање преку населбата Трети Реон во вкупна должина од 26 км, рече Чучуковски.

Планинарскиот марш како што додаде завршил со доделување на благодарници и заедничко дружење во дворот на Шумска Вила.

- Маршот беше пријавен во Федерацијата за планинарство, а беше поддржан од Општина Делчево и повеќе спонзори на кои им се заблагодаруваме за несебичната поддршка како и на дел од нашите членови за логистичката поддршка. Голема благодарност и на нашите младинци од младинската секција, додаде Чучуковски.

Делчевскиот планинар додаде дека маршот поминал во одлична атмосфера, со тоа што сите успеале да ја поминат патеката. вс/ир

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан