• недела, 24 ноември 2024

Се одржа атлетската трка „Велес трча“

Се одржа атлетската трка „Велес трча“

Велес, 3 ноември 2024 (МИА) - По повод претстојниот празник за ослободување на Велес 9-ти Ноември  денеска на патеката на фудбалскиот стадион и во Градскиот парк се одржа традиционалната атлетска трка „Велес трча“, на која првото место на 10 километри мажи со осум поминати круга  го освои Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“, а на 5 километри со четири круга прв на целтта стигна Роберто Димитриевски од АК „Велес“. Во женска конкуренција на 10 километри прва е Фросина Михајловска од АК „Аеродром“, а на 5 километри прва на целта стигна Марија Савковска.

Втор на 10 километри мажи е Жан Тосев атлетичар од Струмица вработен во Армијата,а трет е Миле Бачевски од АК „Скопски маратон“.На 5 километри мажи втор е Петре Завировски од АК„Вардар“ а трет Андреј Арсов од АК „Борец“ .Кај жените на 10 километри втора на целта стигна Теа Божиновска од АК„Скопски маратон“ ,а трета Емили Ивановска.На 5 километри жени втора е Анита Величковска,а трета Ива Цекова.

Организатори на трката и годинава беа  АК „Борец“ од Велес со поддршка на Општина Велес и повеќе спонзори.

Роберто Димитриевски од АК„Велес“ од Велес  кој втора година победува на трката на 5 километри посветена на Денот на ослободување на градот, за МИА изјави дека е пресреќен што победува на трката на својот град пред својата домашна публика што е и најтешко за еден атлетичар.

- Пресреќен сум што вторпат победувам на оваа за мене значајна трка.Таа е трка на мојот град каде сум роден и живеам со моето семејство а е,во чест   на празникот  9 ти Ноември посветена на  ослободителите на Велес. Затоа оваа моја победа ја посветувам на сите борци-партизани  кои учествувале во ослободувањето на мојот град Велес на 9 ноември 1944 година, а за да ние живееме во денешен слободен Велес. Трката ја посветувам и на мојот прадедо Димче Костовски исто така еден од македонските борци-партизани и ослободители на Велес, потенцира Димитриевски.

Димитриевски од свое име и од името на сите велешки атлетичари и рекреативци апелира  до надлежните во Општина Велес и до  поранешната  Агенцијата за млади и спорт, а сега Министерството за спорт, конечно да го исполнат со години наназад даденото ветување  дека  целосно да ја реновираат  повеќе од 40 години старата и руинирана атлетска тартан патека на  Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес.

Денеска во чест на празникот 9- ти Ноември  на Градскиот стадион се одржа и веќе традиционалната Детска  атлетска трка во која во неколку категории учествуваа околу 550 деца од 4 до 15 години, за која од година во година има се поголем интерес кај најмладите во градот. ад/лв/

фото:МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан