• сабота, 23 ноември 2024

Се коси зеленилото низ сите скопски општини и на кејот на Вардар

Се коси зеленилото низ сите скопски општини и на кејот на Вардар
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ интензивно работат на одржување и уредување на јавните зелени површини низ градот, односно го косат зеленилото низ сите скопски општини и на кејот на реката Вардар. Изминатиов период од двете страни на кејот на реката Вардар е искосено зеленилото од мостот Близнак кон Ново Лисиче во општина Аеродром, а во тек е и косењето на зеленилото кај делот под Кале, информираат денеска од ЈП „Паркови и зеленило“. Повторно се коси делот на кејот кај Градскиот парк. Во текот на оваа недела, од двете страни на кејот се коси зеленилото од горниот дел на кејот во заедничка координација со екипи од ЈП „Улици и патишта“ од мостот во Хром кон делот кај Карпош 4 и Карпош 3 до хотелот Александар Палас. од Јавното претпријатие најавуваат дека активностите на уредување и косење на зеленилото ќе продолжат и во текот на наредниот период низ сите скопски општини. сст/

Остани поврзан