• сабота, 06 јули 2024

Се гради спортска сала во кавадаречко Возарци

Се гради спортска сала во кавадаречко Возарци

Кавадарци, 15 јануари 2024 (МИА) - Се гради спортска сала во кавадаречко Возарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

Продолжува изградбата на спортската сала во село Возарци, со корисна површина од 400 квадратни метри, што ќе биде во склоп на подрачното општинско училиште „Страшо Пинџур’’. Инвестицијата е на Општина Кавадарци во висина од 22.000.000 денари. Изведувач на работите е фирмата „Градба промет“, соопштија од градоначалничкиот кабинет. 

Оттаму нагласија дека кавадаречката локална самоуправа рамномерно инвестира како во урбаните, така и во руралните средини во општината. свд/хс/


Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан