• понеделник, 23 декември 2024

Се гради пешачка патека по регионалниот пат P-1103 кај Колонија и Јурумлери

Се гради пешачка патека по регионалниот пат P-1103 кај Колонија и Јурумлери
Скопје, 24 февруари 2023 (МИА) - Жителите од Колонија и Јурумлери добиваат пешачка патека по регионалниот пат Р-1103.
 
Како што информира градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски во завршна фаза се градежните работи за изградба на пешачката патека на регионалниот пат Р-1103 која се гради по барање на жителите од Јурумлери и Колонија.
 
 
-На една од средбите со граѓани беше истакнат проблемот со безбедноста на граѓаните поради недостаток на пешачка патека. Издадов налог да се изработи проект и веднаш пристапивме кон изведба на градежните работи на терен. Во оваа фаза градиме пешачка патека во должина од 500 метри.
Барањата на граѓаните се решаваат, општината се менува. напиша Стефковски на својот фејсбук-профил. сст/са/
 
Фото Општина Гази Баба

Остани поврзан