• петок, 22 ноември 2024

Се гради нова водоводна линија во населбата Пролет во Делчево

Се гради нова водоводна линија во населбата Пролет во Делчево
Делчево, 16 јуни 2022 (МИА) - Се гради нова водоводна линија во населбата Пролет во Делчево. Градежните работи ги изведуваат екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ од каде информираа дека досега се реализирани активности за изградба на седмиот крак во новата делчевска населба. - Со цел довршување на водоснабдителениот систем во новата населба Пролет во градот Делчево, се гради водоводна инсталација во должина од над 300 метри. Досега е изградена водоводната линија на крак 7 во должина од 160 метри, а се прават подготовки за изградба на водоводната инсталација на крак 4 во должина од 80 метри, информираа од ЈПКД „Брегалница". Екипи на претпријатието, како што додадоа, во моментов работат и на приклучување на новоизградените објекти на водоводниот систем. - Со оваа интервенција, сите новоизградени објекти во населбата ќе бидат опфатени во водоводниот систем, додадоа од претпријатието. Градежните работи се реализираат согласно со Програмата за работа на Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“.вс/сх/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан