• петок, 05 декември 2025

Се асфалтираат улици во населеното место Визбегово

Се асфалтираат улици во населеното место Визбегово

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Општина Бутел презема активности за асфалтирање на улиците во населеното место Визбегово, информираат од локалната самоуправа.

-Продолжуваме со силна динамика да ја подобруваме патната инфраструктура во сите населени места во општината. Овие активности се реализирани преизборни ветувања на градоначалникот Дарко Костовски. Во општина Бутел се реконструираат и асфалтираат 70 улици, во износ од 150 милиони денари, се вели во соопштението од локалната самоуправа.

Општина Бутел, се додава во соопштението, вложува во проекти за подобрување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на сите граѓани.вј/дма/

Фото: Општина Бутел

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан