• понеделник, 04 ноември 2024

Се асфалтираат повеќе улици во Општина Лозово

Се асфалтираат повеќе улици во Општина Лозово

Велес ,8 февруари 2024 (МИА) - Во неколку населени места во Општина Лозово се направени и целосно асфалтирани вкупно 15 улици. Во Дорфулија и Каратманово по седум и една улица во населеното место Аџиматово. Станува збор за улици кои претходно со години и децении беа земјени и каливи и кои за првпат се целосно уредени и асфалтирани  со финансиска подршка  од страна на Светската банка за обнова и развој, информира за МИА, Бошко Цветковски градоначалник на Општина Лозово.

Тој појасни дека на овие улици моментално се поставуваат сообраќајни знаци и се одбележува хоризонтална и вертикална сигнализација.

Инаку во населеното место Милино во тек се подготовките на осум улици кои се земјени и кои исто така за првпат ќе бидат асфалтирани со финансиска подршка  од Светската банка за обнова и развој.

-Она што е најважно за нас како Општина е  дека за првпат се асфалтираат  улици кои  досега биле земјени и тешко проодни за жителите и возилата. Со нивно уредување  ние  на дело покажуваме дека работата на локалната самоуправа е во интерес на жителите, вложувајќи во подобрување на инфраструктурата. Со тоа продолжуваме со обезбедување на соодветни и достојни услови за живот на сите жители во нашата општина, потенцира градоначалникот Цветковски.

Тој најави дека во тек е изработка на техничка документација за асфалтирање за уште  една земјена улица во населеното место Дорфулија, а за која средствата ќе ги обезбеди Бирото за регионален развој. ад/дма/

Фото: Општина Лозово

 

Остани поврзан