• понеделник, 23 декември 2024

Серхио Рико повторно на теренот по тешката повреда и излегувањето од кома 

Серхио Рико повторно на теренот по тешката повреда и излегувањето од кома 

Париз, 11 април 2024 (МИА) - Добри вести доаѓаат од Париз. Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, кој минатиот мај имаше несреќа со јавање во Андалузија, конечно се опорави. При падот од коњот, голманот на парижаните скршил неколку вратни пршлени и доживеал мозочен удар.

Животот на Рико „висеше“ на конец, а 36 дена беше на интензивна нега и во полуиндуцирана кома. Лекарите се бореа за неговиот живот и на крајот успеаја да го кренат голманот на нозе, иако имаше прашања какви ќе бидат последиците кога тој ќе закрепне, односно ќе излезе од кома. За среќа, се помина добро.

Како што пренесува „Атлетик“, Рико добил лекарска дозвола да му се врати на фудбалот и веќе почнал да тренира во теретана.

Да потсетиме, Серхио Рико беше резерва на Џанлуиџи Донарума на голот на ПСЖ, а извесен период беше и шпански репрезентативец. Во кариерата настапуваше и за Севиља, Фулам и Мајорка. дс

Фото: Архива

Остани поврзан