• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Серија А со конкретен план за продолжување на сезоната

Серија А со конкретен план за продолжување на сезоната
Рим, 25 мај 2020 (МИА) - Серија А изработи план за продолжување на сезоната, прекината поради коронавирусот, објавија италијанските медиуми. Според „Ла Газета дело Спорт“ идејата е да се одржат одложените натпревари од 25. коло на 13 јуни, за сите екипи да имаат 26 натпревари во првенството. После тоа, на 20 јуни ќе започне 27-та рунда во Серија А. Овој предлог ќе биде дискутиран во четврток на средба со италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора. Така, на 13 јуни може да се одржат следните дуели: Интер - Сампдорија, Аталанта - Сасуоло, Торино - Парма и Верона - Каљари. зс/

Остани поврзан