• среда, 03 јули 2024

Серена и Венус Вилијамс се повлекуваат од Западен и Јужен Опен 2021

Серена и Венус Вилијамс се повлекуваат од Западен и Јужен Опен 2021
САД, 12 август 2021 (МИА) - Серена и Венус Вилијамс се најновите суперѕвезди што се повлекоа од Западен и Јужен Опен во 2021 година, кој започнува вo сабота во семејниот тениски центар Линднер во Охајо, пренесува "Usa Today". Сестрите Вилијамс им се придружуваат на Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ како суперѕвезди од висок профил кои се повлекоа. Како што пренесуваат оттаму, Серена Вилијамс се повлекува за да се фокусира на нејзиното закрепнување од повредата на ногата здобиена на Вимблдон во јуни, додека, причината за повлекувањето на Венус Вилијамс е непозната. ар/лв/  

Остани поврзан