• понеделник, 23 декември 2024

Сенегал повторно го блокира пристапот до Интернет

Сенегал повторно го блокира пристапот до Интернет

Дакар, 13 февруари 2024 (МИА) - Мобилниот интернет во Сенегал денеска беше исклучен откако беше објавена забраната за планираниот протест против одложувањето на претседателските избори. Ова е втора ваква забрана од почетокот на кризата, пренесе БТА.

-Поради ширењето на субверзивни пораки на омраза на социјалните мрежи, кои веќе предизвикаа насилни демонстрации, интернетот е исклучен овој вторник, 13 февруари, се вели во соопштението на Министерството за телекомуникации на Сенегал.

Пристапот веќе беше блокиран пред осум дена кога парламентот усвои закон за одложување на претседателските избори на 25 февруари на 15 декември и за продолжување на мандатот на актуелниот претседател Меки Сал. Оваа одлука беше остро критикувана од активистите за човекови права и од партнерите на Сенегал, како што се САД и ЕУ.

Интернетот беше обновен следниот ден. Во петокот и саботата, во демонстрациите задушени од безбедносните сили загинаа тројца, многумина беа повредени и беше причинета голема материјална штета.

Ограничувањата на пристапот до Интернет сега се вообичаени во голем број земји за да се спречат протестите. Сенегал прибегна кон ова во јуни 2023 година за време на период на немири. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан