• понеделник, 23 декември 2024

Сенатот поддржа закон за спречување на ксенофобијата против азиските Американци

Сенатот поддржа закон за спречување на ксенофобијата против азиските Американци
Вашингтон, 22 април 2021 (МИА) - Американскиот Сенат денеска изгласа закон за спречување на ксенофобијата против азиските Американци, поврзано со пандемијата на коронавирусот. Легислативата беше поддржана со 94 гласа „за“, а само еден, републиканскиот сенатор Џош Хоули од Мисури, гласаше против. Регулативата се занимава со спречување на употреба на расистички речник при описот на пандемијата. Многумина републиканци и конзервативни јавни личности, вклучувајќи го и поранешниот претседател Доналд Трамп, го именуваат коронавирусот како „кинески вирус“, со што се зајакнуваат тензиите во општеството на штета на Американците со азиско потекло Законскиот проект сега ќе биде предаден во Претставничкиот дом каде демократите наскоро треба понудат своја верзија. Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, изјави дека „дојде време да се спротивставиме“ на анти-азиската омраза во САД. - Со усвојување на овој закон, ние се обраќаме до азиско американската заедница дека власта е свесна за неа, ги слушна нивните грижи и ќе одговори со нивна заштита, изјави Шумер. Истражувањето на државниот Универзитет Калифорнија од Сан Бернандино, спроведено во 16 градови, покажува дека во 2020 година имало зголемување на нападите засновани на омраза против азиските Американци за 149 отсто. - Нападите засновани на омраза нема да се толерираат, порача Шумер. Според предлог-законот, поднесен од сенаторката од Хаваи, Мази Хироно, Минстерството за правда треба да назначи официјално лице за разгледување на ваквите напади и да се погрижи да се зголемат државните и локалните ресурси за нивни спречување. кб/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан