• петок, 08 ноември 2024

Сенатот во извештајот за инцидентите на Стад де Франс ја критикува префектурата и дава неколку предлози

Сенатот во извештајот за инцидентите на Стад де Франс ја критикува префектурата и дава неколку предлози
Париз, 13 јули 2022 (МИА) - Сенатот го објави својот извештај за инцидентите на Стад де Франс, што имаше за цел да се утврдат одговорностите за безбедносното фијаско на финалето на Лигата на шампионите и да предложи мерки за да се избегне таков хаос за време на Олимпијадата во 2024 година, јави дописникот на МИА. Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул на 28 мај се претвори во кошмар за органите на редот и владата. Гледачи без билети влегоа на стадионот, додека други со купени билети не можеа да влезат, исто така полицијата употреби и солзавец. Според предлог-препораката, парламентарците препорачуваат околу петнаесет мерки. Меѓу нив, „да им се наметне на операторите“ на местата каде што се одржуваат големи спортски настани да ги чуваат видеоснимките од видео надзор еден месец. Сенаторите побараа Министерството за внатрешни работи јасно да утврди кога се употребува солзавец, а спортските власти да ги заштитат билетите од манипулации. Не чекајќи ја пресудата на сенаторите, премиерката Елизабет Борн веќе ги задолжила министрите за внатрешни работи и за спорт „без одлагање да ги спроведат препораките од извештајот.  тг/ми/

Остани поврзан