• понеделник, 23 декември 2024

Семејството Малдини одигра 1000 натпревари за Милан во италијанскиот шампионат

Семејството Малдини одигра 1000 натпревари за Милан во италијанскиот шампионат
Милано, 7 јануари 2021 (МИА) - Напаѓачот на Милан, Даниел Малдини влезе како замена во 81. минута на синоќешниот натпреварот од 16. коло на италијанскиот шампионат против Јувентус (1:3). За 19-годишниот напаѓач ова е само шести натпревар за „росонерите“. Сепак, тој му го донесе 1000. меч на семејството Малдини за Милан во Серија А. За потсетување, неговиот татко Паоло Малдини и дедото Чезаре Малдини играа исто така за Милан. Педесет и двегодишниот Паоло Малдини во моментов е спортски директор на Милан. Чезаре Малдини почина во 2016 година на 84-годишна возраст. Да потсетиме, тука е и Кристијан Малдини. Тој има 24 години и исто така е „дете“ на Милан, но игра за клубот Про Сесто. зс/

Остани поврзан