• сабота, 23 ноември 2024

Семедо осуден на 5 години затвор

Семедо осуден на 5 години затвор
Атина, 19 јули 2020 (МИА) - На Рубен Семедо, фудбалер на Олимпијакос, му беше изречена казна затвор од пет години и ќе му биде забранет влез на територијата на Шпанија во наредните осум години. Тој беше прогласен за виновен за голем број злосторства извршени за време на неговиот престој во Шпанија, каде што играше фудбал професионално. Дефанзивецот мина пет месеци во притвор, по што беше обвинет за грабеж, напад, киднапирање и поседување оружје. Со кауција од 30.000 евра, Семедо беше ослободен и ја продолжи фудбалската кариера. Сепак, тој ќе мора да се врати зад решетки, ги призна своите дела на судењето и изјави дека сторил сè за „трето лице“, на кое му должел пари. Семедо за прв пат беше уапсен на 20 февруари 2018 година, кога постоеше сомневање дека врзал и нападнал човек во неговата куќа, заедно со две лица. Групата ги украла клучевите од станот на жртвата, извршила упад и грабеж, а претходно се обидела да ја заплаши жртвата пукајќи во воздух. Семедо беше под полициска контрола пет месеци порано, откако наводно внел оружје во ноќен клуб во Валенсија, а исто така предизвикал инцидент откако со шише удрил едно лице во глава. Поранешниот млад репрезентативец на Португалија ја започна својата професионална кариера во Спортинг, во 2017 година стана член на Виљареал, а во 2019 година пристигна во Олимпијакос.

Тагови

Остани поврзан