• сабота, 23 ноември 2024

Селин Дион повторно ја одложи европската турнеја

Селин Дион повторно ја одложи европската турнеја
Шарлемањ, 18 февруари 2021 (МИА) - Поради пандемијата на коронавирусот, познатата канадска пејачка Селин Дион повторно ја одложи европската турнеја што беше закажана за периодот од 16 март до 16 јуни оваа 2021 година. Новите датуми се поместени меѓу 25 мај и 24 септември 2022 година, објави нејзиниот тим. Спорред новите најави, „Светската турнеја на храброста“ во Европа почнува со концерт на 25 мај следната година во Бирмингем, Англија. Ова е второ одложување на турнејата - првично планирана за 2020 година. - Навистина се надевав дека ќе се видиме во Европа оваа пролет, но за жал мора да почекаме уште малку, ситуацијата сè уште не е доволно безбедна, рече пејачката во своја видеопорака, на француски и англиски јазик. За во Париз се предвидени неколку концерти догодина - на 16., 17., 20., 21., 23. и 24 септември.  си/

Остани поврзан