• сабота, 21 декември 2024

Селекторот на Гана нападнат од навивач во хотел

Селекторот на Гана нападнат од навивач во хотел

Абиџан, 15 јануари 2024 (МИА) – Гневен навивач се обиде да го удри селекторот на фудбалската репрезентација на Гана, Крис Хатон, во хотел во Абиџан, по неделниот пораз во рамки на 1. коло на африканскиот Куп на нации.

Гана загуби со гол во судиското продолжение од Зеленортските острови, во еден од неколкуте шокантни резултати на стартот на африканското првенство, чиј домаќин е Брегот на Слонова коска.

Група гневни навивачи му пристапиле на Хатон во хотелот на враќање од натпреварот, а поголем инцидент е спречен од обезбедувањето во објектот.

За Гана тоа беше втор пораз од аутсајдер, откако загуби во дуелот против Коморските Острови (2-3) на претходното издание на африканскиот Куп на нации пред две години.

Поранешниот ирски репрезентативец Хатон, чиј татко е со потекло од Гана, седна на селекторската клупа во март, а на Мундијалот 2022 во Катар беше технички советник во репрезентаицјата. ег/ми/

фото: Фејсбук

Остани поврзан