• понеделник, 23 декември 2024

Села: Имаме мнозинство за разрешување на министрите Меџити и Алиу, Таравари е повикан на утрешното партиско Собрание

Села: Имаме мнозинство за разрешување на министрите Меџити и Алиу, Таравари е повикан на утрешното партиско Собрание

Скопје, 9 февруари 2024 (МИА) - Пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во изјава за медиумите истакна дека ќе гласа за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, фатмир Меџити и Азир Алиу.

-Да, дефинитивно го имаме мнозинството. Очекуваме да се спроведат одлуките на партиските органи. Донесовме одлука во Управниот совет, кој истовремено е и Кадровска Комисија на партијата и денеска мора да се спроведе она што тие го видоа како одлука на Алијансата за Албанците, рече Села.

На новинарско прашање дали очекува претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да присуствува на утрешното партиско Собрание, Села потенцира дека го поканил уредно како и сите други членови на Централното Собрание.

-Го имам покането, како и секој друг член на Централното Собрание со јавна покана. Негова работа е дали ќе дојде или не. Местот му е да дојде таму, изјави Села. фф/ац/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан