• сабота, 23 ноември 2024

Секторот за инспекциски надзор во Куманово примил 12 известувања за граѓани каснати од кучиња скитници

Секторот за инспекциски надзор во Куманово примил 12 известувања за граѓани каснати од кучиња скитници
Куманово, 3 август 2022 (МИА) - Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово примил известување за дванаесет кумановци кои пријавиле во полицијата дека биле каснати од кучиња скитници, информираа денеска надлежните од секторот. Оттаму појаснуваат дека податоците се однесуваат на случаи евидентирани од почетокот на јануари до 1 август. - Заклучно со 01.08.2022 година на територија на Општина Куманово има заловено 97 бездомни кучиња. Општина Куманово за 2022 година има предвидено 1.271.000 денари за заловување на бездомни кучиња, соопштија од секторот. На објавениот тендер за услуги за заловување на кучиња скитници и нивното згрижување на територија на Општина Куманово избран е А.Д. Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ Куманово. Од секторот за инспекциски надзор потврдија дека заловувањето ќе се одвива согласно план и динамика, но ќе се интервенира и по дојава на граѓани. Куманово со години наназад спроведува годишен тендер за заловување кучиња скитници и организира акција за вдомување во соработка со операторот и со здруженија на граѓани. Од редарската служба со години информираа дека несовесни граѓани од други општини, населени места носат кучиња скитници кои ги оставаат во Куманово, бидејќи е една од ретките општини која на годишно ниво со средства од буџет го решава проблемот. За оваа појава која дополнително го оптоварува општинскиот буџет е информирана и полицијата. Граѓанските здруженија пак бараат отворање стационар за бездомни кучиња. ам/рп/

Остани поврзан