• понеделник, 23 декември 2024

Секој четврти мигрант кој илегално пристигнал во ЕУ е вратен од почетокот на годинава

Секој четврти мигрант кој илегално пристигнал во ЕУ е вратен од почетокот на годинава

Брисел, 12 јуни 2024 (МИА) - Од почетокот на годината ЕУ вратила 25 отсто од илегално пристигнатите мигранти, објави еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференција на која ги претстави насоките за воведување промени во заедничката европска легислатива за миграција.

Таа истакна дека ова е сe уште малa бројка. Според неа, минатата година ЕУ успеала да врати 26 отсто од илегално пристигнатите мигранти, а во 2022 година вратила 19 отсто.

„Кога ќе се извршат неопходните проверки на границите, ќе се олесни работата на миграциските центри“, посочи Јохансон.

Еврокомесарката додаде дека во буџетот на ЕУ има најмалку 3,6 милијарди евра за спроведување на новите правила за миграција.

Според Јохансон, може да се очекува канализирање на дополнителни средства, вклучително и од буџетот за општата кохезија. Таа прецизираше дека до 2027 година треба да се потрошат 1,6 милијарди евра. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан