• петок, 22 ноември 2024

Секојдневни навики што причинуваат стареење на мозокот

Секојдневни навики што причинуваат стареење на мозокот

Бостон, 25 април 2023 (МИА) - Повеќе секојдневни навики придонесуваат за лошо здравје на мозокот. Ново истражување издвојува четири појави што можеби имаат најголемо влијание, или најлоши последици, во таа смисла.

- Тоа се премногу седење, недостаток на дружење, несоодветен сон и хроничен стрес. Сепак, она што е добро во цела оваа приказна е фактот дека токму овие навики најлесно се менуваат, вели д-р Рудолф Танзи, невролог во Општата болница на Масачусетс во Бостон, САД.

Премногу седење

Просечен возрасен човек седи шест и пол часа дневно, а сѐ тоа лошо влијае на здравјето на мозокот. Научен труд објавен во списанието „ПЛОС уан“, покажа дека премногу седење води до значителни промени во делот од мозокот што е клучен за помнењето. Истражувачите користеле скенирање со магнетна резонанца за да го следат медијалниот темпорален лобус (МТЛ) - областа на мозокот која создава спомени, кај луѓе на возраст од 45 до 75 години. Тие потоа ги споредиле снимките со просечниот број часови седење дневно.

Според наводите, оние кои седеле најдолго, имаат потенка МТЛ-област. Истражувачите велат, состојбата на МТЛ може да биде признак на умственото опаѓање и деменција.

Недостаток од дружење

Осаменоста е поврзана со депресија и поголема можност за Алцхајмерова болест, а и тоа може да го забрза когнитивниот пад. Испитувања од јули 2021 година покажаа дека луѓе кои се помалку социјално активни, губат повеќе од сивата материја на мозокот - надворешниот слој одговорен за обработка на информации.

Несоодветен сон

Според наводите, третина од возрасните не ги добиваат препорачаните седум до осум часа сон. Истражувањето во списанието „Слип“ посочува дека умствените вештини како што се помнење, расудување и решавање проблеми, опаѓаат кога луѓето спијат помалку од седум часа навечер.

Хроничен стрес

- Тоа буквално ги уништува мозочните клетки и го намалува префронталниот кортекс - областа во мозокот одговорна за меморија и учење. Главен предизвикувач на стрес кај постарите возрасни луѓе е пристапот кон сѐ, како работите да треба да бидат токму онакви какви што личноста ги замислува, истакна Танзи.

Тој начин на размислување може да предизвика негативни реакции што го зголемуваат нивото стрес секогаш кога работите не одат како што се замислени.  си/сд/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан