• понеделник, 23 декември 2024

„Секвенци на рефлексијата" - изложба на Слободан Милошески 

„Секвенци на рефлексијата

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) –  Изложба „Секвенци на рефлексијата“ од авторот Слободан Милошески ќе биде отворена денеска во Скопје, во просторите на Младински културен центар.

Изложбата е составена од 14 скулпторски дела од галериски формат, создадени во последните две години во материјал инокс, а изложбата ќе биде отворена до 20 ноември.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

Досега има реализирано 30 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 90 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 16 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ доделена од ДЛУМ во 2014 година , Награда за скулптура доделенаод ДЛУМ во 2020 година , нагадата за современа скулптура „Боро Митриќески“ доделена во 2021 година и наградата „Адем Кастрати“ доделена од КИЦ-Скопје во 2021 година.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како вонреден професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.свс/аа/

Фото:МКЦ

Остани поврзан