• вторник, 19 ноември 2024

Сежурне: Сто и педесет илјади руски војници загинаа во војната во Украина

Сежурне: Сто и педесет илјади руски војници загинаа во војната во Украина

Париз, 3 мај 2024 (МИА) - Околу 150.000 руски војници загинале од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според проценките на Франција. Ова го изјави францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн во интервју за рускиот весник „Новаја газета“.

„Рускиот воен неуспех е веќе факт. Ги проценуваме на 500.000 руските воени загуби, вклучувајќи и 150.000 мртви. А зошто е сето ова? Одговорот е во два збора: за ништо“, додаде Сежурне.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во февруари рече дека Русија изгубила 180.000 војници. Велика Британија проценува дека околу 450.000 руски војници се убиени или ранети во Украина. 

Москва не објави никакви информации за жртви во своите редови. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан