• понеделник, 23 декември 2024

Седум години по објавувањето, сè поголем интересот за збирката раскази „Мојот маж“ од Бужаровска

Седум години по објавувањето, сè поголем интересот за збирката раскази „Мојот маж“ од Бужаровска

Скопје, 10 март 2021 (МИА) - Седум години по објавувањето, сè поголем интересот за збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, објавена на германски јазик, со што ова дело стануава достапно за читателите во Германија, Австрија и Швајцарија, а наскоро се очекува и француски превод во издание на Галимар, издавач со богата и долга традиција. 

- „Мојот маж“ е објавена и во САД, Велика Британија, Ирска, Италија, Унгарија, како и во сите земји од поранешна Југославија каде што Бужаровска се доживува како една од најголемите регионални ѕвезди во книжевноста. Во Македонија оваа збирка има шест изданија, а неодамна „Или-или“ го објави и првиот превод на албански јазик, стои во соопштението од издавачката куќа „Или-или“. 

Според мотивите од овие раскази поставени се и истоимените претстави на сцената на Драмски театар од Скопје во режија на Нела Витошевиќ, на сцената на Словенско младинско гледалишче од Љубљана во режија на Ивана Ѓилас, а за 30 март е закажана премиерата во Југословенско народно позориште од Белград во режија на Јована Томиќ. свс/ац/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан