• понеделник, 23 декември 2024

Седуммина загинаа во руски напад врз Херсон во Украина

Седуммина загинаа во руски напад врз Херсон во Украина

Киев, 1 октомври 2024 (МИА) - Во рускиот напад врз центарот на јужниот украински град Херсон денеска загинаа седум лица, соопшти регионалното обвинителство.

-Гранатирањето се случи во близина на локалниот пазар и станица за јавен превоз. Засега е познато дека седум цивили - три жени и четворица мажи, загинале, се вели во соопштението. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан