Седници на две собраниски комисии
- Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања и Законодавно - правната комисија.
Скопје, 20 март 2024 (МИА) – Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања и Законодавно - правната комисија.
На дневен ред на двете комисии се Предлог измените на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Предлог измените и дополнувањата на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, двата по скратена постапка. дма/бак/
Фото: МИА архива