Седница на Судски совет, на дневен ред усвојување програма за спречување и следење на корупцијата во судството 2026-2029
- Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 532-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на програма и акционен план за спречување и следење на корупцијата во судството 2026-2029.
Скопје, 3 декември 2025 (МИА) - Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 532-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на програма и акционен план за спречување и следење на корупцијата во судството 2026-2029.
На дневен ред на денешната седница на Судскиот совет се и усвојување на Извештајот за спроведено вонредно оценување на кандидати за судии на Апелациониот суд Штип, постапување по решенијата на Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд и формирање на Комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. аа/мд/
Фото: МИА архива