• понеделник, 23 декември 2024

Седница на Советот за безбедност на ОН по резултатите од берлинската конференција за Либија

Седница на Советот за безбедност на ОН по резултатите од берлинската конференција за Либија
Вашингтон, 20 јануари 2020 (МИА) - Советот на безбедност на ОН неделава ќе свика седница за разгледување на резултатите од конференцијата за регулирање на конфликтот во Либија што вчера се одржа во Берлин, јави дописникот на МИА од Вашингтон.
Како што денеска јавија некои медиуми, официјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Стефан Дјужарик изјави дека во наредните денови генералниот секретар Антониу Гутереш ќе настапи во советот со резултатите од конференцијата.
- Очекуваме дека генералниот секретер утре или задутре ќе го информира Советот за безбедност по барање на неговите членови, изјави Дјужарик.
На 19 јануари во Берлин се одржа меѓународна мировна конференција за регулирање на конфликтот во Либија.
На конференцијата беше донесено коминике потпишано од сите земји учеснички во кое се ставени основните работи договорени за регулирање на конфликтот. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан