Седмо издание на мултимедијалниот настан „Клинци“ во Europe House во Скопје
- Во просториите на Europe House во Скопје вечер со почеток од 20 часот ќе се одржи седмото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“.
Скопје, 30 април 2025 (МИА) - Во просториите на Europe House во Скопје вечер со почеток од 20 часот ќе се одржи седмото издание на мултимедијалниот настан „Клинци“.
Во рамки на настанот публиката ќе има можност да проследи книжевно читање на кое ќе се претстават четворица млади автори и авторки, како и изложба од млада уметница.
На книжевното читање со своја поезија и проза ќе се претстават Андреј Анѓеловиќ, Павлина Атанасова, Милена Неделковска и Нино Наумовски. Изложбата која ќе биде поставена е на Евгенија Трајковска.
Модератор на „Клинци“ е младиот поет Андреј Медиќ Лазаревски, а настанот е во организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ – Скопје и Europe House Скопје.
Мултимедијалниот настан „Клинци“ е настан наменет за претставување на младинското културно творештво. До сега на „Клинци“ се имаат претставено над дваесетина млади книжевници и десетина уметници. дма/лв/
Фото: Плакат