• понеделник, 01 јули 2024

Седлоски: Заслужено победивме

Седлоски: Заслужено победивме
Скопје, 9 јули 2021 (МИА) – Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, рече дека неговиот тим заслужено победи на првиот квалификациски натпревар во Конференциската лига против косовскиот претставник Лапи. - Пред натпреварот имав кажано дека нè чека тешка конфронтација против Лапи. Морам да им честитам на моите фудбалери, им честитам и на гостинските играчи за коректната  игра. Мислам дека го добивме овој натпревар со заслуга, иако реков, дека ова е само првиот дел. Имаме уште еден натпревар зад нас и мора да останеме на земја. На реваншот не очекува уште потежок дуел, но мислам дека имаме доволно време да се подготвиме добро, изјави Седлоски на прес-конференцијата по синоќешниот натпревар. Реваншот се игра на 15 јули во Приштина. зс/

Остани поврзан