Северна Македонија најбезбедна земја на Западен Балкан
- Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, според истражувањето на Институтот за економија и мир (ИЕП).
![Северна Македонија најбезбедна земја на Западен Балкан](https://new.mia.mk/images/20231108212300_big_730x400_73.webp )
Скопје, 22 септември 2021 (МИА) - Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, според истражувањето на Институтот за економија и мир (ИЕП).
Индексот на Северна Македонија е зголемен за 11 индексни поени, и државава е на 40-то место во светот, додека на прво место во светот е Исланд, а на последното 163-то се наоѓа Авганистан.
Зад Северна Македонија се Србија (44. место), Албанија (48. место), Црна Гора (51. место), Босна и Херцеговина (72. место) и на 80. место од земјите од Западен Балкан се наоѓа Косово.
Според Институтот, поголем дел од земјите од Западен Балкан бележат напредок во состојбата за мир, безбедност и внатрешна стабилност.
ИЕП рангира 163 независни земји и териории во светот, оценувајќи ја состојбата на мир во тие земји во публикацијата „Индекс на мирот“ (Peace index) за 2021 година. нд/ац/
![Индекс](/articles/images/%d1%81%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0/1bBB5ARUl/placeholder.webp?use_watermark=0)