• среда, 17 јули 2024

Северна Кореја лансираше три балистички ракети кон територијалните води на Јужна Кореја

Северна Кореја лансираше три балистички ракети кон територијалните води на Јужна Кореја

Сеул, 31 декември 2022 (МИА) – Северна Кореја денеска лансираше три балистички ракети кон територијалните води на Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската армија.

Пјонгјанг продолжува да развива оружје во екот на шпекулациите дека би можел да тестира нуклеарно оружје.

Северна Кореја оваа година лансираше околу 70 балистички ракети, вклучително и околу осум интерконтинентални балистички ракети, јави претходно новинската агенција Јонхап. јт/

Остани поврзан