• сабота, 16 ноември 2024

СДСМ: Филипче оддаде почит за ликот и делото на Глигоров

СДСМ: Филипче оддаде почит за ликот и делото на Глигоров

Скопје, 4 јули 2024

Претседателот Венко Филипче денеска оддаде почит за ликот и делото на првиот Претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, заедно со неговата ќерка Донка Глигорова,  и неговиот шеф на Кабинет, Живко Кондев.


-Длабока почит за ликот и делото на првиот Претседател на независна и суверена Македонија и горд носител на членската книшка бр.1, на држовотворната СДСМ, другарот Киро Глигоров. Нема успешна сегашност и иднина, ако не ја почитуваме историјата и вредностите врз кои почива современата македонска држава. Секогаш ќе стојам простум пред сите оние кои со своите дела вечно се вградени во темелите на нашата Татковина. Продолжуваме да го чуваме огнот на АСНОМ и  НОБ како негови горди наследници и следбеници на тие вредности и идеали. Секогаш на вистинската страна на историјата, порача претседателот Венко Филипче.
 

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан