• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски се на ниво на забагеност

СДСМ: Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски се на ниво на забагеност

13 февруари 2022

Заврши времето кога институциите се злоупотребуваа за партиски цели, Северна Македонија денеска е демократска и слободна земја.

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски се на ниво на забагеноста со која режимот 11 години злоупотребуваше институции, гасеше струја, лифтови, местеше сообраќајки, фалсификуваше лични карти.

Тоа во суштината е и признинето на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во предметот „Титаник“ и целиот криминал на режимот.

Денеска Христијан Мицкоски требаше да даде отчет за Титианик, да поднесе оставка, да се извини и да побара враќање на партите кај граѓаните.

Во однос на градоначалниците на ВМОР-ДПМНЕ јасно е дека се најнеспособните во историјата, за 100 дена не сработеа ништо, немаат ниту еден нивни проект.

Бидејќи немаат што да кажат пред граѓаните денеска дадоа отчет пред нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски.

Гледаме дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија со истиот начин на размислување и делување управувана од двоецот Мицкоски - Груевски.

СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан