• четврток, 15 јануари 2026

СДСМ: Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 14 јануари 2026

Скандалот што го објави антикорупцискиот тим на СДСМ за фаворит фирмата на ВМРО, која од општините добила 51 тендер, вредни 16 милиони евра, има и друга заднина, која денеска ја откриваме. Кој е сопственикот на „Пирамид билдинг солушнс“, која добила 51 тендер, вредни неверојатни 16 милиони евра, и како е поврзан со ВМРО-ДПМНЕ? Станува збор за извесен Петар Доновски, се посочува во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Петар Доновски бил член на избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, на избирачкото место 2680 во општина Аеродром.

По престанување на мандатот на Доновски, ВМРО-ДПМНЕ на негово место назначува друг партиски претставник.

Дали сега е јасно за поврзаноста со ВМРО и политичкото влијание?

Само од општина Аердором оваа омилена фрима има добиено 22 тендера.

Ако ова не е конфликт на интереси и политичко влијание врз доделувањето на тендерите, тогаш што е?

Уште ли ќе ги чекаат Јавното обвинителство, ДКСК и Финансиската полиција?

Ние секојдневно ќе ги прозиваме.

Не само за овој нов случај со 51 тендер, туку и за за скандалите со 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, 1,2 милион евра за фирмата блиска до ЗНАМ од „Пошта“.

Но овој скандал открива и нешто друго.

А тоа е поврзаноста на тендерите со избирачкиот процес.

Уште еден доказ зошто техничката влада мора да остане.

Ако некој што бил во избирачки одбор именуван од ВМРО-ДПМНЕ добива милионски тендери, може да замислите на што би личеле избори, без контролни механизми од опозицијата?

Затоа не сакаат опозицијата да учествува во техничката влада - затоа што не сакаат да бидеме сведоци на криминалот и корупцијата.

Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме.

Тендерите на ВМРО поврзани со Избирачки одбор – техничката влада мора да остане

Скандалот со тендерите на ВМРО-ДПМНЕ се директно поврзани со избирачкиот процес и е уште еден јасен доказ зошто техничката влада мора да остане.

„Скандалот што го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ за фаворит фирмата на ВМРО која од општините добила 51 тендер вредни 16 милиони евра има и друга позадина која денеска ја откриваме. Станува збор за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“ и за нејзиниот сопственик, извесен Петар Доновски кој е член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, на Избирачко место 2680 во Општина Аеродром. По престанување на мандатот на Доновски, ВМРО-ДПМНЕ на негово место назначува друг партиски претставник. Дали сега е јасно за поврзаноста со ВМРО и политичкото влијание? Само од општина Аеродром оваа омилена фирма има добиено 22 тендери, рече Петар Огњеновиќ, член на ИО на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека ако ова не е конфликт на интереси и политичко влијание врз доделувањето на тендерите тогаш што е?

„Но овој скандал открива и нешто друго. А тоа е поврзаноста на тендерите со избирачкиот процес. Уште еден доказ зошто Техничката влада мора да остане. Ако некој што бил во избирачки одбор именуван од ВМРО-ДПМНЕ добива милионски тендери, може да замислите на што би личеле избори без контролни механизми од опозицијата? Затоа не сакаат опозицијата да учествува во техничката влада, затоа што не сакаат да бидеме сведоци на криминалот и корупцијата“, рече Огњеновиќ.

Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ

Остани поврзан